zonski

Од зонското натпреварување кое се одржа овој викенд во Крива Паланка за ученици од основните училишта во регионов Општинското Основно Училиште Браќа Миладиновци се врати како тотален победник со освојување на турнирите во машка и женска конкуренција. Со ова и двете екипи се пласираа, во следната фаза а тоа значи одигрување на еден бараж натпревар со екипа од другите региони и победникот оди на овогодинешната училишна олимпијада.Во женска категорија нашите кошаркарки ги одмерија силите со кошаркарките од Куманово кој не представуваа никаква пречка за нашиот добро уигран тим кој убедливо славеше со високи 27 поени разлика. Најистакнати кошаркарки во нашиот состав беа Марија Антиќ, Сара Тасевска и капитенот Јована Јовановска која со одличната игра го инспирираше целиот тим за оваа убедлива и значајна победа.
Се надеваме дека овие девојки ке го повторат успехот од минатата година кога го освоија Државното Првенство во Кошарка и повторно ке се закитат со златниот медал на овогодинешната олимпијада.
Bо машка категорија се одиграа натпревари помеѓу екипите на домаќинот Крива Паланка, Куманово, Кратово и Пробиштип. Прв противник на нашата екипа беше екипата на домаќинот Крива Паланка кој нашите кошаркари успеаја да го добијат со 9 поени разлика. Потоа следуваше финалето со екипата и вечниот ривал на овие натпреварувања а тоа е екипата од Куманово. Од самиот почеток екипата од ООУ Браќа Миладиновци од Пробиштип сигурно и одговорно го одигра натпреварот и убедливо го порази противникот од Куманово и со тоа се пласираа во бараж натпреварувањето кое потоа води до овогодинешната училишна олимпијада. Најистакнати поединци во машката кошаркарска екипа на ООУ Браќа Миладиновци од Пробиштип беа Аце Бранковски, Душан Терзиќ, Данило Монев, Леонардо Николов и инзвонредниот капитен Никола Пеншов.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009