На 22 октомври, а во чест на Денот на Македонската револуционерна борба „23 Октомври“ во кино салата во Пробиштип се одржа Јубилејниот 35 – ти републички фестивал на пеачи аматери „ПРОФЕСТ 2013“ Организатор и реализатор на фестивалот е ОУ Дом на култура ,,Злетовски рудар,, од Пробиштип. На овогодинешниот фестивал учество земаа пеачи аматери од Пробиштип, Радовиш. Штип, Кратово, Скопје, Свети Николе, Македонска Каменица, Делчево, Демир Капија и Струмица. Концептот на Профест 2013 година беше посветен на потсетување и заблагодарување на водителите кои во изминатите 35 години учествувале во реализација на овој фестивал. Гости на вечерта во ревијалниот дел беа Татјана Лазаревска, Новица Василевски, Влатко Миладиновски и Групата Амајлија од Пробиштип. Победници на фестивалот: според одлуката на жирито првото место му припадна на Спасе Петров од Струмица, а според публиката Јане Славов од Кратово, додека второто место според жирито го освои Ивана Наумовска од Штип, а третото место и припадна на Катерина Димова од Демир Капија.

DSC_0071 DSC_0159 DSC_0199


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009