148747_522560954422540_1700294153_n

Пробиштипските атлетичари Иван Пешовски и Александар Здравковкски се вратија со два медали од Државното првенство во крос кантри трчање, кое се одржа покрај кејот на реката Вардар на 25-ти Ноември. Двајцата настапија во категоријата младинци до 19 години и трчаа на патека долга 6 км. Александар го освои третото место минувајќи ја патеката за 24 минути и  39 секунди,додека Иван победи со време од 20 минути и 55 секунди. Оваа е четврта дисциплина во која Иван стана првак младинец на Македонија,претходно победувајќи на трките во планинско трчање 3000 метри и 5000 метри. Иван и Александар претходно настапија и на Подгоричкиот маратон кој се одржа на 28ми Ноември и двајцата трчаа на полумаратонот во должина од 21 километар и постигнаа свои најдобри лични времиња,подобрувајќи ги претходните резултати од  Скопскиот маратон годинава. Иван патеката долга 21 км ја истрча за 1 час и 24 минути. Александар ја истрча за 1 час и 37 минути. Воедно овој настап е и последен за нив годинава и последен како младинци. Од наредната година ќе се натпреваруваат во категорија сениори. Им честитаме за успехот и им посакуваме многу среќа во понатамошните трки.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009