Имајќи ги во предвид лошите состојби во безбедноста на сообраќајот и високиот степен на загрозеност на децата како учесници во сообраќајот, неминовна е потребата од одржување на сообраќајно – воспитни манифестации. Од таа причина ОСБСП – Пробиштип настојува да има што повеќе вакви манифестации со цел едукација на најмладите и нивна безбедност на улица. Во вторник на 15 април на полигонот на кошаркарското игралиште пред ООУ „Браќа Миладиновци“ се одржа сообраќајно воспитна манифестација – општински натпревар „Детски семафор“. Се натпреваруваа учениците од ООУ „Никола Карев“, ООУ „Браќа Миладиновци“ , од Пробиштип и ПУ „Кирил и Методиј“ од Злетово. Учениците се натпреваруваа во неколку категории, мала група женски, мала група машки и голема група. На натпреварот учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ беа убедливи победници, односно во категоријата мала група – женски победија Моника и Теона Денчевски, двете од VI одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“. Кај малата група – машки, победници се Кемал Ибраимов, ученик во VI одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“ и Никола Јованов, ученик исто така во VI одделение при ПУ „Кирил и Методиј“ од Злетово. Кај големата група, првото место го поделија Елеонора Богатинова, ученичка во VIII одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“ и Давид Коцевски, осмооделенец од ООУ „Никола Карев“, Пробиштип. Честитки за победниците, кои најдоцна до 30 април ќе одат и ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар во Штип, од каде се надеваме дека ќе не израдуваат и ќе се вбратат со освоена награда, по што ќе ја претставуваат општина Пробиштип на републичкиот натпревар кој ќе се одржи во Скопје на 17 мај. Со среќа!!!
Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009