На жителите од пробиштипското село Бунеш во употреба им беше предаден новоизградениот водоснабдителен систем преку кој во иднина жителите непречено ќе се снабдуваат со чиста вода за пиење.
– Водоводот е дел од проектот на општина Пробиштип за изградба на водоводи во повеќе населени места во општината. Алтернативното снабдување со вода за пиење од бунари и пумпи во село Бунеш, го заменивме со модерен водоводен систем со кој трајно го решивме проблемот со вода за пиење за педесетината жителите кои останаа во селото. Водоводот е во должина од 2 километри и во неговата изградба општината инвестираше 3 милиони денари од општинскиот Буџет. Изведувач на работите беше компанијата Жикол” од Струмица.

Новиот водовод во село Бунеш е приклучен на главниот цевковод од Хидросистемот Злетовица” преку кој со вода за пиење се снабдуваат жителите на Пробиштип и на уште три населени места.

IMG_6520 IMG_6528 IMG_6531


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009