Четврта година по ред Општина Пробиштип ја организира манифестацијата „Зелникот на баба“, нешто што предизвика огромен интерес и за учество, но и за посета.
И оваа година по повод денот на пролетта, на 20 март (во петок) на градскиот пазар во Пробиштип со почеток во 11 часот ќе се одржи „Зелникот на баба“ на кој ќе присуствуваат наши сограѓани, Гости на манифестацијата се КУД „Злетовски рудар“, „Веселите пензионери“ и Фолк ѕвездата Даниела Темелковска. На лице место ќе се сука и ќе се пече под вршник. Зелникот ќе се продава на парче, а средствата што ќе се соберат ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

2 3 4 5


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009