Денес по повод шестмесечното успешно имплементирање на Програмата општинско-корисна работа, Проект -“Достоинствена старост, епитет за општествено одговорна општина” во Пензионерскиот дом, беа доделени потврди на ангажираните лица во проектот. Со овој проект беа опфатени вкупно 60 стари и изнемоштени лица од руралните и урбаните средини, а за нив се грижеа шест лица од категоријата на долгорочно невработени лица и самохрани родители.
Активности на ангажираните лица беа четиричасовното дневно ангажирање во домот на старите лица, помош во купување намирници, лекарства, придружба на старото лице по потреба да се одведе на лекар, подготовка на храна, одржување на хигиена во домот и сл.
Целта на програмата беше подигање на свеста на граѓаните за предизвиците со кои се соочува оваа ранлива група, социјална инклузија на лицата од руралните и урбаните средини и јакнење на социјалната функција на општината.
Партнери во Програмата општинско-корисна работа беа Општинската организација на Црвениот Крст Пробиштип, а финансиски подржана од страна на УНДП.

IMG_7871 IMG_7880 IMG_7883 IMG_7887 IMG_7890 IMG_7892 IMG_7897 IMG_7901


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009