Сообраќајот на патот кон Пробиштип кај село Неокази ќе биде затворен во следните три дена.
Од утрово почна да се санира патот кон Пробиштип, кај селото Неокази.
Екипи на ЈП „Македонија пат“ почнале да го сечат асфалтот во должина од 50 метри, со цел да се направи дренажа за да не пропаѓа патот, информира техничкиот директор на ЈП „Македонија пат“, Кире Коцев.
Во наредните три дена, рече тој, овој пат ќе биде затворен за сообраќај, а жителите на Пробиштип и на другите градови ќе го користат патот што минува низ селото Ратевица.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009