По изградбата на Филтер станицата во вредност од еден и пол милион евра, општина Пробиштип во моментов реализира нов капитален проект, затворен градски пазар кој што чини околу еден милион евра.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, вели дека Пробиштип во изминатите години доживеа подем со анулирање на долговите и влегување во втората фаза од децентрализацијата.

Решени се инфраструктурни проблеми, а во наредниот период локалната власт ќе работи на анулирање на невработеноста.

Тоневски се надева дека невработеноста ќе се намали по стартот со работа на новата индустриска зона, каде веќе се продадени парцели за изградба на стопански капацитети. Според најавите, таму ќе се градат текстилни фабрики и преработувачки капацитети за земјоделски производи. Пробиштип на инвеститорите им нуди и поволни услови за продажба на парцели.

Општина Пробиштип минатата година имаше основен буџет од 100 милиони денари, годинава локалната власт го проектирала на 160 милиони денари.

pazar-4


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009