zivotna-sredina

Централната комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ организира отворена трибина на тема “Загубите и предностите од прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје”. Цел на трибината е запознавање на локалано население (НВО сектор, Општински администрација, Локални бизнис заедници) со предлогот за формирање заштитено подрачје – Осоговски Планини, како и Јавна дебата за загубите и предностите од прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје. На оваа трибина ќе се презентира Изготвената Студијата за заштита на Осоговскиот регион и ќе се спроведе дискусија од учесниците (за-против аргументи) по однос на истата.
Трибината ќе се одржи на ден 16.02.2013 (сабота) со почеток во 12.00 часот во Домот на Културата во општина Пробиштип. Предавач на трибината ќе биде претседателот на Централната Комисија за животна средина, Државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање др. Соња Лепиткова.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009