Оваа година на локацијата на Аква Паркот во Пробиштип ќе се одржи второто издание на најголемиот „open-air“ фестивал кај нас. Ако чувствувате потреба да се ослободите од стегите на секојдневието и да ја поттикнете вашата позитивна енергија, Аква Парк Фест и илајдниците насмевнати луѓе од сите возрасти ве очекуваат повторно на 28-ми, 29-ти и 30-ти август.

Дополнителна околност за да го посетите овој фестивал се и поволните временски услови во деновите кога ќе се одржува Аква Парк фестивалот.
Еве ги деталите за временската прогноза за Пробиштип во деновите на фестивалот:

ЧЕТВРТОК 28.08.2014 – Претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северен и северозападен ветер. Минималната температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 31°C. УВ индекс 7
Во текот на ноќта ведро и свежо со температура која ќе се спушти до 15°C.

ПЕТОК 29.08.2014 – Претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северен ветер. Минималната температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 32°C. УВ индекс 7
Во текот на ноќта ведро со температура која ќе се спушти до 17°C.

САБОТА 30.08.2014 – Претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северен ветер. Минималната температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 7
Во текот на ноќта ведро со температура која ќе се спушти до 17°C.

НЕДЕЛА 31.08.2014 – Претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северен ветер. Минималната температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 32°C. УВ индекс 7
За повеќе информации за Аква Парк Фест на следниот линк


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009