Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на г. Емил Димитриев.

Емил Димитриев ќе биде седмиот македонски премиер. Ќе ја предводи преодната влада во стоте дена, односно до изборите.  Иако е технички, правно ќе има мандат за работа како и неговите претходници.

Роден е во Пробиштип 1979 година. По вокација е дипломиран социолог, но завршил и Воена академија за резервни офицери. Познавачите за него ќе речат дека е вистинското решение за премиерското место. Сметаат дека, дури и политичките конкуренти тешко ќе му најдат забелешки во кариерата.

Во 2011-та година, Димитриев станува пратеник, а претходно од 2008-ма година, работеше  како заменик-министер за одбрана. Од 2013-та година е Генерален секретар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, задолжен за кадровски прашања и работа со членството на партијата.

Пред Емил Димитриев на жешката премиерска фотелја на „Илинденска“, седеа Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Никола Груевски, кој беше најдолго на чело на владата, девет години со четири мандати.

emil dimitriev 2 emil dimitriev 3


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009