Со цел промоција на велосипедизмот и подигање на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, на 23 мај ОСБСП во соработка со Општина Пробиштип и општинските училишта ја реализираше велосипедската манифестација „Сите на велосипед“. Ова е завршница на низата на активности кои што ОСБСП ги имаше во текот на месец мај, одбележувајќи го месецот на велосипедистите. Околу двеста ученика од сите општински училишта возеа велосипеди низ улиците на Пробиштип, кон Злетово и назад, поминувајќи 15 километри. На овој начин упативме една голема порака – Користете го велосипедот, затоа што не само што е здраво, туку и е еколошки корисно. Инаку во текот на месецот во општинските училишта се делеа едукативни флаери за тоа како да се однесуваат кога возат велосипеди. На класните часови беа одржани едукативни часови за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, на јавни места беа истакнати плакати за одбележување на мај, месец на велосипедисти. Од страна на полицијата во текот на цел месец мај се врши сообраќајна поука на велосипедистите и на корисниците на мопедите, а до Советот на општина Пробиштип ќе се покрене иницијатива откако ќе биде реконструирана улицата „Јаким Стојковски“ на сите раскрсници при хоризонталното обележување да се обележи и велосипедски премин. Исто така ОСБСП, Пробиштип, ќе покрене иницијатива за изградба на велосипедска патека долж патот кој што го поврзува Пробиштип со Злетово, преку т.н. место Леговец.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009