mineral

Општина Пробиштип во соработка со компанијата Индо минерали и метали ќе гради Музеј во кој ќе бидат изложени ретките минерали кои се пронајдени во Македонија.
Во духот на долгогодишната соработка меѓу општина Пробиштип и компанијата Индо минерали и метали – ДООЕЛ Пробиштип – рудници за олово и цинк Злетово и Тораница, денес во Пробиштип беше промовиран неодамна потпишаниот меѓусебен меморандум за соработка. Годинава ИММ ќе донирa 60.000 евра на општина Пробиштип, како поддршка и дел од заедничката инвестиција во проектот изградба на Mузеј за ретки минерали. Остатокот од средставата ќе ги обезбеди локалната самоуправа од сопствен буџет.
Ова ќе биде прв ваков Музеј во Македонија, а проектот предвидува биде лоциран во центарот на градот Пробиштип.
Изградбата на Музејот се очекува да се започне во месец aприл.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009