Училиштата и Детската градинка во Пробиштип целосно се подготвени и без никакви проблеми ќе го започнат второто полугодие. Ова го констатирале на денешниот состанок гадоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и директорите на општинските училишта и Детска градинка.
На состанокот, како што информираат од општина Пробиштип, биле разгледани активностите на овие општински установи за време на зимскиот распуст и подготовките на училиштата за почетокот на второто полугодие.
Со директорите биле договорени и активностите за пролетниот период, со акцент за хортикултурно уредување на училишните дворови.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009