Овој петок 6 јуни ќе стартува новата, трета сезона на првиот македонски Аква парк во Пробиштип.

На денот на отварањето, влезот ќе биде бесплатен, а за гостите Аква паркот подготви забава со Пеце од “Суперхикс” и момците од “Брејкдаун бенд”. Како и лани, организаторите во новата сезона најавуваат многу ноќни забави, водени лудории преку ден, аниматори и познати артисти. Аква паркот во Пробиштип ќе работи секој ден од 10 до 19 часот.

За децата до 3 години влезот е бесплатен, од деца од 3 до 14 години плаќаат влезница од 300 денари, а за гостите над 14 години е 350 денари.

Постои можност и за сезонски билет за 3,500 денари.

Сите информации можете да ги најдете на веб-страната www.aquaparkmacedonia.mk.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009