Во Пробиштип, каде заедно со локалната самоуправа инвестираме повеќе од 2 милиони евра во тек е изградба на индустриска зона, која ќе биде готова во август оваа година. Зона со која дополнително ќе се зголемат можностите за инвестирање, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера на Народниот собир во Штип.

– Во оваа зона постојат огромни шанси за нова инвестиција бидејќи во фаза на донесување финална одлука за инвестирање е компанија од автомобилската индустрија и тоа за инвестиција на 15 милиони евра и отворање на 300 работни места. Правиме се што е во наша моќ да ја реализираме и оваа работа и ќе нпрвиме се што е во наша моќ, истакна Груевски.

Конкретни инвестиции и дела, подвлече тој, се од огромно значење за целиот источен регион.
– Дела за кои е вложен многу труд и ангажман од Владата и од локалните самоуправи во овој регион, рече меѓу другото Груевски.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009