brana-knezevo

Почетокот на полнењето на новоизградената вештачка акумулација Кнежево се совпадна со сезоната на обилни врнежи, но и со топењето на снегот на Осоговските планини. Сето ова одеше во прилог на забрзано полнење на акумулацијата Кнежево.
До 10 април во акумулацијата се акумулирани околу 16 милиони метри кубни вода, што преставува повеќе од половина проектираниот капацитет на вештачката акумулација Кнежево.
Станува збор за значаен хидроенергетски објект, кој кога ќе се наполни до максималниот капацитет, ќе преставува значаен резервоар со вода за водоснабдување на населението од 5-те општини од источниот дел на Република Македонија за период од три години, без негово дополнително полнење, изјави ВД директорот на ЈП ХС Злетовица, Михаил Цветков.
Од Злетовица со најава, доколку продолжи ваквата дождлива сезона, акумулацијата Кнежево ќе биде наполнета до максималниот капацитет од 23 милиона метри кубни вода.

Т.С.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009