На 14 јануари, по повод верскиот празник Василица, општина Пробиштип го организира 16-от по ред традиционалниот Василичен коктел.
Василичниот коктел е хуманитарна манифестација, на која покровител е првата дама на општина Пробиштип.
Сите присутни на Василичниот коктел купуваат карта, а средствата од картите се донираат во хуманитарни цели. На коктелот по претходна покана за донирање со свои донации учествуваат и бизнис заедницата, како и други правни и физички лица.
На коктелот се делат погачи во кои има паричка за избор на кума на наредниот Василичен коктел.
Парите собрани од карти, погачи и донации се донираат во хуманитарни цели.
Манифестацијата е пропратена со музика и богата културно уметничка програма.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009