Комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип по повод 7 Aприл – “Меѓународниот ден на здравјето”, во салата “Софија Петровска” организираше турнир во пинг-понг “Пробиштип OPEN 2014”. Натпреварите започнаа во 13.30 минути, во финалето се сретнаа д-р.Верче Јорданова од Штип и проф.Иле Петровски од Пробиштип. Победник на овогодишниот турнир во пинг-понг Пробиштип OPEN 2014 е д-р.Верче Јорданова од Штип на која наградата за прво место и ја додели претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип Влатко Јордановски, додека наградата за второ место на проф. Иле Петровски од Пробиштип ја додели секретарот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип Дарко Герасимовски.
Се надеваме дека овој турнир во пинг-понг “Пробиштип OPEN 2014” од година ќе прерасне во традиционален по повод 7 Април “Меѓународниот ден на здравјето”.

pp4 pp5pp2pp3


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009