По повод 28 август, денот на општината Пробиштип и денот на рударите, Пробиштип организира турнир во мал фудбал, кој ќе започне на 17 август. Наградата за прво место е 50 000 денари, додека второпласираниот добива 20 000 денари. Пријавувањето на екипите е до 16 август, а учество ќе земат 16 екипи.
Натпреварите ќе се играат во вечерните часови под рефлектори на ракометното игралиште во Пробиштип.
Генерални покровители на турнирот се Рудници-Пробиштип и градоначалникот на Општина Пробиштип Тони Тоневски. Како технички организатор се јавува КМФ „ПРОКОМ-СПОРТ“-Пробиштип.

turnir-mal-fudbal


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009