„Аква парк фестивал“ во Пробиштип, со селекцијата на демо бендовите ја комплетира музичката програма за годинешното издание кое доаѓа со три фестивалски дена, 72 часа константна музичка програма и над 40 изведувачи.

Освен веќе афирмираните музички имиња, во рамиките на своите фестивалски акции и иницијативата за афирмирање на младата музичка сцена кај нас и оваа година фестивалот објави конкурс за демо бендовите, нудејќи им можност да ја почувствуваат фестивалската атмосфера и настапот пред бројна публика.

Честа на младата музичка сцена на „Аква парк фест“ ќе ја бранат групите: „Екс-Ју“, „Палиндром“, „Приземје“ и „Плава“, кои ќе настапат на главната бина на фестивалот.

Во вечерната програма на фестивалот, по настапите на демо бендовите, главната бина на фестивалот на 28. август ќе ги пречека и Јорис Ворн, Тимо Мас, „Дубиоза Колектив“, „Фанкермен“, „ПМГ Колектив“, „Паркети“, „Флудер“ и „Дивизија“.

Следниот ден, 29 август пак настапуваат Џон Дигвид, Дарен Емерсон, „Дисциплина Кичме“, „Елементал“, „Бед Копи“, „Грамофонџие“, „Прок енд Фитч“ и „Хардфејсд“.

Главната бина на третиот фестивалски ден е резервиран за атрактивните „бек ту бек“ битки на претставниците на македонската електронска сцена.

Возбудливите сетови во сабота вечер на Аква Парк фестивал ќе ги престават Ајсберг и Лефанк , Алек Солтиров и Милан Серафимов, Стефано и Цобе, Виш.ко и Феки Фарис, Маци и Александар Мишкоски, Мацки и Васо, Ненат Омен и Кристијан Петровски .

Во раните утрински часови, од 06 часот музичката програма на „Аква Парк Фест“ продолжува на „Афтер Парти“ бината лоцирана во аква паркот, каде што за совршената утринска забава ќе се погрижат диџеите „Блексоул“ , „Грамофонџие“, Сашо Рејсид и „Базел“ .

На 28, 29 и 30. август, дневната атмосфера на фестивалот ќе ја вжештат настапите на „Рутбој“ , „Гето Руди“ , Гејм Овер, Адо, Бранчез, Бабура, Цобе, Стефано и Ацика.

Фестивалскиот простор покрај трите фестивалски бини и Аква Паркот со различните водени атракции кои тој ги нуди, е опремен и со посебен кампинг простор, спортски терени, богата понуда на разновидна храна, повеќе посебно организирани делови за многуте забавни содржини на фестивалот, а сето тоа гарантира несекојдневна можност за повеќедневна забава под отворено небо и ново фестивалско искуство .

Влезниците за „Аква Парк Фестивал“ кои беа пуштени во продажба по специјални промотивни цени ќе бидат достапни само уште денес до полноќ. Од утре, четврток, 21. август започнува продажбата на влезниците по новите цени во претрподажба кои изнесуваат:

800 денари за тридневните влезници (+ бесплатна тридневна аква парк влезница и бесплатно камп место)

500 денари за еднодневните влезници за четврток, 28. август и петок, 29. август (+ бесплатна еднодневна аква парк влезница)

200 денари за еднодневните влезници за сабота,

30. август (+ бесплатна еднодневна аква парк влезница).

Овие билети во претпродажба ќе бидат достапни до 28. август, а до тогаш можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс , продажните салони на „ОНЕ“ низ Македонија, Југотон.

За време на одржувањето на фестивалот од 28. август до 30. август билетите ќе се продаваат по полната цена од 1.000 денари за тридневните влезници, 600 денари за еднодневните влезници за четврток и петок, како и 200 денари за влезниците за сабота.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009