Дека ние  го остваруваме она што го ветуваме зборуваат нашите дела, кои се најсилната гаранција дека она што сме го ветиле и сме го реализирале, и дека она што сега ќе го ветиме повторно ќе го оствариме. Затоа што стоиме на дадениот збор.

tonitonevski3

1. Господине Тоневски, изминаа четирите години од доверениот мандат на граѓаните. Од позиција на актуелен градоначалник би ве замолил да направете една куса ретроспектива за функционирањето на Општина Пробиштип во изминатиот период?

– Во четиригодишниот период бевме исправени пред многу предизвици . Во 2009 година кога дојдов на функцијата Градоначалник генерално состојбата во која се наоѓаше општината беше повеќе од сериозна. Од финансиски аспект општината имаше долг од 72 милиони денари, блокирана општинска сметка, дозволен судски лимит од само 1.800 000 денари. Општината беше една од 11-те општини во државата кои не беа влезени во Втора фаза на фискална децентрализација. Ова значеше дека во тој период бевме лимитирани во секој поглед. Речиси да немаше никакави инвестиции во општината. Судскиот лимит беше доволен само за плата на администрацијата и покривање на основните трошоци. Простор и средства за инвестиција не постоеше. Состојбата на локалната инфраструктура беше повеќе од катастрофални, скоро 20 години во Пробиштип се немаше асфалтирано улица, не беше поставено тротоар, водовод … Моите сограѓани ги немаа основните услови за нормално живеење. Немавме пречистителна станица за вода за пиење, немавме градски пазар, и не само тоа туку ние како општина имавме сериозни проблеми со водата за пиење во летниот период. Се случување со месеци жителите да немаа вода за пиење и за останатите секојдневни потреби. Од денешна гледна точка беше навистина предизвик да ги решиме сиве овие проблеми, но успеавме да ја спроведеме амбициозната реформска агенда и доследно и посветено ги реализиравме ветените проекти во сите области значајни за општина. Со голема посветеност, со многу работа, со вистинска визија сите заложби резултираа со виден напредок на локалната самоуправа…. Успеавме во одблокирање на општинаскта сметка, во целост враќање на долговите и влез во Втората фаза од фискалната децентрализација, кои беа и неопходни услови за да можеме да ги оствериме ветувањата! Ние практично во 2009 и 2010 година се раздолжувавме, а вистински работевме само 2011 и 2012. За овие две години Ние успеавме да направиме голем исчекор во секој поглед. На 26 Јануари во присуство на Премиерот, Министерот за финансии, словенечкиот амбасадор , јапонскиот амбасадор и многу други поканети и присутни ја пуштивме во употреба пречистителната станица за вода за пиење, во вредност од 1.500 000 евра, единствена од ваков тип во државата. На мое големо задоволство моето прво ветување и мојот прв приоритет, зацртан и во Програмата за работа, го остварив. Во завршна фаза на изгрдаба е градскиот пазар, повторно еден од моите 10 приоритети дадени какоо изборно ветување во 2009 година. Во моментов се изведуваат градежните активности на тениско игралиште кое ќе биде готово до пролет, во моментов се гради ново детско игралиште во центарот на градот, во тендерска постапка е изгрдба на уште едно игралиште во населба Камењар. Се изврши реконструкција на патниот правец Пробиштип-Ратавица, преку Леговец, во должина од 3.720 м., со широчина од 5,5 м , поставени тротоари во должина од 150 метри. Вкупната инвестиција изнесува 450 000 евра. Ветивме и со поддршка на Владата ги изградивме локалните патишта кон с.Стрмош – с. Дренак, во вредност од 9.056.998 денари, Пробиштип – с.Плешенци, во должина од 3.291метар со вкупна инвестиција од 225.000 евра, Турско Рудари – Пантелеј , со инвестиција од 120. 000 евра.
Во изминативе 4 години се асфалтираа локални улици како никогаш пред тоа. Нашите сограѓани речиси заборавија како изгледа да се поставува нов асфалт, нови тротари, нови светилки. За овие години асфалтирани се локални улици во градот и во населените места во должина од над 20 км. Асфалтиравме над 25 локални улици. Им го вративме достоинството на луѓето кои повеќе од 20 години ги подмириле своите давачки спрема општината а за возврат не добиле ништо. Тие пред 4 годири газеа кал, живееја во темница. Ние го остваривме нашето ветување дека ќе поставиме асфалт секаде каде се исполнети условите за тоа. Не се потребни многу раскажувања и зборувања, за тоа зборуваат резултатите, зборуваат жителите на Калниште, жителите на селото Пробиштип, на Злетово, Пишица, Дренак, Плешенци …
Секој ден во нашиот град никнуваат нови објекти, се градат нови деловни простори, се случуваат нови инвестиции и тоа од приватниот сектор. Преку успешното менаџирање, со државното неизградено земјиште, ние ги натеравме нашите бизнисмени да инвестираат токму тука. Локално да се развиваат, и токму тука да отвораат нови работни места. Жителите на Пробиштип 20 години немаат видено кран, немаат видено градба на некој објект, зграда… Денес тоа е реалност, секојдневно никнуваат нови објекти. Можам само да заклучам дека она што го зацртав, како мој приоритет и цел, го остварив. Но, пред нас се наоѓа еден нов период кој секако носи уште поголеми предизвици, нови проблеми , нови приоритети.

2. Ако сакате да извоите некои од најгорливите проблеми со кои се соочува општината во своето тековно работење?

– Покрај инфраструктурните и комуналните проблеми, кои се секогаш присутни, сметам дека најгомеиот проблем со кој се соочува општината е невработеноста. Во минатото речиси и да немаше невработен член на фамилија, но во транзицискиот период, кога замреа рудниците и фабриката за акомулатори, најголемите индуструски и економски капацитети во општината, имавме драстично зголемување на процентот на невработени. Изминативе години некако тој тренд се намали но, до ден денес последиците од напуштањето на над 2000 работници, се чувствува. Луѓето немаа излез од ваквата ситуација. Никој не сакаше и немаше верба да инвестира во Пробиштип, и тоа од повеќе причини. Едно е што на бизнис заедницата не им се нудеа никви услови за работа, градежни парцели. Едноставно не беа стимулирани да инвестираат во градот. Пробиштип. Се немаше економска стратегија.

3. Каде е местото на Општина Пробиштип денес, во поглед на инфраструктурната развиеност и можностите за економски развој, споредбено со онаа од пред 4 години?

– Напредокот, развојот и просперитетот на Пробиштип се видливи. Имаме резултати кои се базираат на факти, на реализрирани проекти, асфалтирани улици, изградени капитални објекти, спотрски сали, игралишта. Зголемен е обемот на трансфери и донации во областа на образованието, културата, социјалната заштита и противпожарната заштита. Покрај издвојувањето на 3% од средствата од персоналниот данок на доход, сега се одвојува 50% повеќе средства од ДДВ за општините, односно од 3% на 4,5% од прибраните приходи од данокот на додадена вредност. Со тоа голем дел од данокот, платен од граѓаните, повторно се враќа директно во буџетот на Локалната самоуправа за да се користи за локални проекти и потреби. Со измените на Законот за експлоатација на минерални суровини, со кој приходите на општината се зголемија за неколку пати, сега тие претставуваат еден од основните извори на финасирање на општината. Од 1- ви јули 2011 година правото на управување со државно градежно земјиште беше предадено на управување на општините. За нас општините, управувањето со градежното земјиште е одговорност кон идните генерации со што се отвора патот за реализација на нови инвестиции и подобрување на економската благосостојба. Донесовме детални урбанистички планови за развој на индустриските зони. Во едната од зоните сите парцели се распродадени, веќе на нив никнуваат новите стопански објекти. Ние бевме една од првите општини која се стекна со правото да менаџира со градежното земјиште. Бевме една од првите општини кои продадоа градежна парцела во центарот на градот. На овој начин ги поддржавме локалните бизнисмени да инвестираат токму тука. Сето ова ми дава за право да кажам дека Пробиштип се движи во вистински правец. Резултатите се видливи и верувам дека општината со сигурни чекори се движи во нагорна линија.

4. Господине Тоневски, која е основата на Вашата програма и секако планираните проекти, со кои ќе ја побарате довербата на граѓаните на претстојните мартовски локални избори?

– Во мојата нова програма за работа се претставени над 300 нови проекти. Сите од нив се прецизно објаснети со конкретени рокови на реализирање, со испланиран буџет и извори на финансирање. Сите наведени проекти ќе бидат мој приоритет и моја цел. Дел од тие проекти ќе бидат:

1. Реконструкција на постоечкиот плоштад и изградба на нов, секундарен плоштад;
2. Реконструкција на постоечкиот градски парк, негово проширување и изградба на фонтани, нови зелени површини, спортски комплекси;
3. Реконструкција на ул. “Јаким Стојковски“, преку поставување на нов асфалтен слој, поставување на тротоари и енергетски ефикасни светилки.
4. Булеварско уредување на влезот на Пробиштип (од страната на Штип), со поставување на нов слој на асфалт, уредување со дрвореди, осветлување и сообраќајно обележување;
5. Економски и индустриски развој на Пробиштип.
– Како главни чекори кои ќе бидат преземени во оваа насока се развивање на постоечките и отворање на нови индустриски зони. За таа цел е предвидена изработка на ,,Стратегија за привлекување на инвеститори,, предвидено е довршување на постоечката индустриска зона со комплетна инфраструктура, поставување на нов асфалтен слој, инсталирање на водовод и канализација и енергетско ефикасни светилки, донесување на нови детални урбанистички планови. Во исто време општината силно ќе продолжи со поддршка на заинтересираните фирми за добивање концесии за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на минералните суровини.

5.Господине Тоневски, која е пораката што како кандидат за градоначалник ќе им ја испратите на своите сограѓани?

– Јас можам да ветам дека и во оваа програмата за работа, ќе останеме силно посветени на реализација на стратешките приоритети во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање на поволна бизнис клима, решавање на комуналните и инфрастуктурните проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, промоција на општината и културат , транспарентна и ефикасна работа на општината и јавната администрација … …Дека ние го остваруваме она што го ветуваме зборуваат нашите дела, кои се најсилната гаранција дека она што сме го ветиле и сме го реализирале, и дека она што сега ќе го ветиме повторно ќе го оствариме. Затоа што стоиме на дадениот збор.

Т.С.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009