OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, е новиот претседател на Советот на градоначалници на Источниот плански регион. На вчерашната конститутивна седница на Советот во новиот состав, Тоневски вети соработка и економски развој на истокот, а исто така и подобрување на патната инфраструктура.

И другите градоначалници од регионот очекуваат интензивна соработка. Очекуваат уште повеќе проекти.

На првата конститутивна седница присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Тахир Хани. Тој најави измени во Законот за рамномерен регионален развој, со цел да се продолжи кофинансирањето на Центрите за развој на осумте плански региони во земјава.

Прашан дали некои од политичките партии имаат доставено иницијатива за измени во законот за локална самоуправа, а со која на Советите на општините ќе им се дадат поголеми ингеренции, министерот одговори дека таква иницијатива до нив не е пристигната.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA OLYMPUS DIGITAL CAMERA


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009