Од 27 до 29 декември во Пробиштип ќе се одигра контролен двомеч со бугарскиот суперлигаш Габрово.

Бугарскиот суперлигаш Габрово ќе биде единствената и последна проверка на формата на машкиот национален тим на Македонија во подготовките за настапот во третата фаза од квалификациите за СП 2014 во Полска, од 3 до 5 јануари 2014 во Ниш. Спаринг-партнерот од 27 до 29 декември ќе биде наш гостин во базата на селекцијата во Пробиштип, каде што ќе се одиграат два натпревара.

„Контролните натпревари со Габрово ќе бидат одлична шанса за уигрување на линиите, а со тоа да се пробаат и сите играчи. По овие мечеви ќе имаме јасна слика за костурот на тимот и за тоа на кои репрезентативци ќе можеме најмногу да се потпреме во квалификациите. За релативно кус период ќе треба да се сработи многу и да се искристализираат некои техничко-тактички замисли“, вели селекторот Жарко Ристоски.

Габрово ќе биде спаринг-партнер по мерка, со оглед на тоа дека тимот е во одлична форма, а тоа го потврди со пласманот во четврт-финалето од ЦЕВ-купот, во вторникот.

Македонија од 3 до 5 јануари во салата „Чаир“ во Ниш, против Србија, Словенија и Португалија, ќе се бори за место во групата „Ј“ кое води на СП 2014.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009