Во кино салата ,,Злетовски рудар,, при Домот на култура – Пробиштип во четврток 14.11.2013 год. со почеток во 11 часот ќе се одигра театарската претстава ,,ЉУБОВНА ПЛАНИНА,,.
Театарската претстава Љубовна планина е наменета за ученици од петто до осмо одделение иза ученици од средното обрзование. Самата претстава драматуршки, режисерски и актерски е работена по мотивите на народна приказна од Марко Цепенков, автор кој се изучува во наставната програма на училиштата. Мотивот за создавање на оваа претстава е преку визуелната перцепција децата да го согледаат творештвото на авторот во кое доминира традицијата, фолклорот и се што е одлика на нашата историја која со гордост треба да ја чуваме. Она што претставата ја прави оргинална е: етно костимографијата и сценографијата, музиката која е во духот на македонскиот мелос и секако пораката која се упатува до младата популација. Идејата на оваа претстава е да се поттикне размислувањето на младата популација во однос на љубовта и паралелно односот кон повозрасните од нас. Низ многу хумор, музика и педагошко-едукативни сегменти ќе се обидеме децата да поминат незаборавни мигови со актерите од претставата и воедно да ја разберат пораката.
ИГРААТ:
Магдалена Ризова
Сашо Ристовски
Анета Наковска