Празникот Свети великомаченик Димитрије, спомен на смртта и страдањето на големиот борец за христијанството и се одбележува како голем празник на Македонската православна црква и слава на православните верници. На овој празник, попознат во народот како Митроведен, се споменува за погибијата на светителот, кој животот го завршил во темница во 306 година, каде бил заточен затоа што ја откажал послушноста на прогонувачите на христијанството.
Овој празник се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл. се вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската народна пословица: „Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“.

Митровден се слави како домашна слава во голем број семејства, а патрон е и на повеќе цркви.
Именден празнуваат: Димитриј, Митре, Мите, Димитра, Митра и др.

На сите оние кои го носат неговото име – нека им е вечно името.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009