Во присуство на голем број на месно население, но и посетители од Пробиштип, а кои повеќе или помалку се поврзани со селото Добрево свечено отпочна реализирањето на проект кој добревчани долго го очекуваа. Во догледен период мештаните на село Добрево ќе чекорат по асфалтирани улици, а газењето на кал и сите други непријатности кои што со години ги чувствуваат едноставно ќе бидат минато. Општина Пробиштип аплицираше со проект за асфалтирање на улици во село Добрево до Агенцијата за подршка на земјоделието и рурален развој, од каде што имаше разбирање за големиот проблем со кој се соочува ова село и го одобрија на општо задоволство и на општината, но највеќе на мештаните на ова село.Предвидено е со проектот да се асфалтираат четири улици во село Добрево во вкупна должина од еден километар. Вредноста на проектот е десет милиони денари. Настанот со свое присуство го удостоија вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, заменик министер за одбрана, Емил Димитриев, државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова и секако оној кој беше најупорен во реализирањето на овој проект, градоначалникот Тони Тоневски, во придружба на Ранко Давитков, претседател на советот на општина Пробиштип. Во своето обраќање првиот човек во општината меѓу другото истакна „Големо е задоволството кога успеваме да асфалтираме и градиме и во нашите села, кога успеваме да ги подобриме условите на живот на луѓето кои живеат тука, на децата кои газеа кал за да стигнат на училиште“. Заменик претседателот на влада на Република Македонија Зоран Ставревски не криејќи го задоволството од тоа што е повторно меѓу пробиштипјани истакна дека македонската влада гради автопати, современи булевари, но гради и улици по селата во Македонија со што им ги подобрува условите за живот на граѓаните на нашата држава. Се наврaти на многуте проекти кои што се изградија последните неколку години во општината, но воедно и вети дека овде нема да застанат. Во периодот што следи најави неколку значајни проекти за пробиштипјани кои се во план да ги реализираат, како реконструкција на регионалниот пат Пробиштип – Свети Николе и на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште. Инаку од Агенцијата за подршка на земјоделието и рурален развој, општина Пробиштип доби уште еден проект, водоснбдителен систем во с. Бунеш, а истиот ќе биде реализиран во периодот што следи.

Dobrevo-ulici2 Dobrevo-ulici3 Dobrevo-ulici4 Dobrevo-ulici5 Dobrevo-ulici6


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009