sv trifun (2)

Официјалното одбележување на празникот Свети Трифун во Пробиштип се случи во месноста Лингурица, атар на селото Неокази. На празничното закројување присуствуваа отец Трајче Станков, старешина на градската црква Успение на Пресвета Богородица, градоначалникот на Општина Пробиштип, господинот Тони Тоневвски, земјоделски производители и преставници од ПЕ на Министерствтвото за земјоделство. Закројувањето се изврши на лозовиот насад на ДОО Бучиште, во сопственост на земјоделскиот производител Маде Заковски, засега единствен сопственик на поголем лозов насад на подрачјето на Општина Пробиштип, подигнат на 6 хектари.

– Доколку дозволат временските прилики очекувам работите околу кроењето на лозовиот насад да заврши за десетина дена, изјави сопственикот Заковски.
Ваков чин на свечено закројување на лозов насад во Пробиштип, во присуство на црковни преставници, оваа година се случува за прв пат.

sv trifun (1)

– Се надевам дека со овој убав чин, за кој иницијатор е токму сопственикот Маде Заков, ќе продолжи да се практикува и наредните години со што ќе прерасне и во традиција со што ќе му се даде и првичната смисла на празникот, Св. Трифун да почне да се одбележува како заштитник на лозарите, лозовите насади и на виното и во овој наш крај, изјави отец Станков.

Празникот Свети Трифун на присутните им го честита и првиот човек на општината, градоначалникот Тони Тоневски, кој додаде дека ваквиот чин на закројување на лозјата во присуство на црковни лица и лозари од општината во наредените години ќе добие подршка и од локалната самоуправа.

Т.С.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009