Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска работно ќе го посети Пробиштип.
Во рамки на посетата, Ставрески ќе присуствува на пуштањето во употреба на новата производствена линија на семитракциони и индустриски батерии во фабриката за производство на акумулатори ТАБ МАК и на поставувањето камен-темелник за асфалтирање улици во пробиштипското село Добрево.