plavica2

По повод одбележувањето на Европскиот ден на знамето, Европското движење на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ одржаа традиционален планинарски марш до Водно.

Тргнувајќи од ЕУ Инфоцентарот, учесниците на маршот се упатија кон Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, каде тој и шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав ги разменија знамињата на Република Македонија и на Европската унија за потоа да се упатат кон врвот на Водно, каде се поставија двете знамиња.

Значајно е да се истакне дека на маршот по повод денот на знамето на ЕУ од канцеларијата на ЕУ до претседателската резиденција на Водно, учествуваа и двајца планинари од планинарското друштво „Плавица“ од Пробиштип. Горан Богоев и Жика Милошевски беа двајцата учесници од Пробиштип, кои што се приклучија на овој традиционален марш.

plavica1


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009