Се известуваат Граѓаните на Општина Пробиштип дека поради изведување на градежни работи на реконструкција на улицата Јаким Стојковски ќе има привремено затворање за сообраќај на дел од улицата Јаким Стојковски на ден 20.08.2014 година. Затворањето ќе биде на потегот меѓу улицата Нада Михајлова и улицата Кочо Рацин (ќе се прекопува улицата која е прилаз кон здравниот дом Нада Михајлова) и истото ќе се одвива во временски интервал од 08 до 15 часот.

Изведувачот на работите фирмата Жикол има обврска да обезбеди потребна сигнализација на улицата согласно законската регулатива.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009