DSCN3961 - Copy

Шенка Колозова вели дека се гордее со нејзината улога како актер, а најсреќна е кога ќе почуствува дека е разбрана и допрена до публиката бидејќи публкиката  знае да го надгради секој актер кој умее да го оствари тој контакт и да го исполни просторот во кој секој збор, гест и го следи со внимание и дека иако живее во Скопје сепак најважните моменти од животот и се спомените од родниот крај а останатото е само надополнување.

На прашањето како е да се биде скопјанка од Пробиштип, или ако сакате пробиштипјанка во Скопје?, Шенка Колозова одговори: Можеби звучи невкусно, но никогаш не сум се чуствувала како вистинска скопјанка. Зошто? Затоа што не сум скопјанка. Кога некој, што не ме доволно познава, ќе ме праша дали сум скопјанка ќе одговорам не, само живеам во Скопје. Можеби затоа што немам некои спомени од младоста кои ме поврзуваат со оваа наша метропола. Скопје го сакам на мој начин. Јас сум си од Добрево, односно од мојот крај, од Пробиштип. Таму го осознав убавото од животот. Најважните моменти од животот ми се спомените од мојот роден крај, останатото што следуваше во животот е само надополнување. Е, сега некој ќе каже па што имало тогаш во тоа време во Добрево. И ќе згреши. Во Добрево во тоа време, како и во Пробиштип, имаше сè. Во смисла на тоа што и колку човек треба да биде свесен и задоволен од тоа што го има и што му е потребно. Но, сите тогашни придобивки од цивилизацијата беа достапни и за нас. Имавме библиотека, ресторан за игранки, домашен радио приемник, топол дом. Сум живеела во средина во која ми беше убаво. Затоа и денес со многу чуство на гордост се сеќавам на тој период од моето детство и мојата прва младост. Е кога веќе се преселивме во Пробиштип јас веќе бев друго битие, кое чекореше по некој свој пат и немаше време да го засака градот на вистински начин.

Ја запрашавме како денес го доживува Пробиштип и колку често е во можност да биде меѓу своите пробиштипјани, а таа вели: Па што знам, некои суштински промени нема. Освен што се спои оној празен простор меѓу двете тогашни села Калниште и Пробиштип. И сега е како целина, градска населба. Се сеќавам и затоа го спомнувам оној празен простор од населбата до школото во селото Пробиштип. Сето тоа сега е полно со новоизградени куќи, но суштински промени и содржини нема. Или пак јас, бидејќи не сум постојано таму, не сум во состојба да ги почувствувам.

За жал во последно време многу поретко. Не можам да најдам оправдание. Но, вистината е во тоа што во близина на Охрид купивме куќа и сега почесто сум на релација Скопје – Охрид, отколку Скопје – Пробиштип, како што тоа беше претходно. Сепак морам да кажам ми недостига Пробиштип, моето Добрево, но и нашето Лесново, каде си го имаме најубавиот христијански православен манастир – вели за крај Шенка.

СПОДЕЛИ
Претходна статијаПробиштип
Следната статијаВодици 2013

Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009