На 12 мај 2014 година активирана е веб платформа за онлајн натпревар на младите Рок и Поп музичари од Македонија и Бугарија за избор на најдобра авторска песна. Право на учество имаат сите млади бендови и соло изведувачи од Македонија и Бугарија на возраст од 13 – 25 години со регистрирање на www.rocknpoptheborders.com нај доцна до полноќ на 12 јуни 2014 година.

По завршување на официјалниот период за пријавување од 12 мај до 12 јуни, ќе следи втората фаза од 16 јуни до 16 јули 2014 година во која сите заинтересирани и целокупната јавност ќе можат да гласаат за пријавените нумери.

Најдобрите 10 песни, кои според публиката ќе влезат во потесен круг, ќе бидат изведени во живо на концерт во Дупница, Р.Бугарија на 9 август 2014 г., каде што пак четири члена жири комисија од Македонија и Бугарија ќе ги избере најдобрите три нумери ќе бидат наградени со многу вредни награди. По концертот во Дупница, Р.Бугарија, најдобрите 10 песни ќе бидат изведени во живо и на Rock’n Pop Awareness концерт во Куманово на 8 септември 2014.

Натпреварот е организиран од здруженијата „Регионален центар за одржлив развој“ (Кратово, Македонија) и „Партнери – Дупница“ (Дупница, Бугарија) во рамки на проектот Rock’n Pop the Borders кој е финансиран од ЕУ преку IPA Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија CCI 2007CB16IPO007. Повеќе информации има обајвено на веб страната: www.rocknpoptheborders.com

За дополнителни информации можете да се обратите секој работен ден од 08.00 – 15.00 часот на тел.031/481-542 или во секое време на 070/306-647 и 077/972-129.

Rock’n Pop the Borders


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009