На 25.04.2015 година во организација на Друштво на биолози на Р.Македонија при Приородно-математички факултет и Министерството за образование и наука на Р.Македонија во ООУ,,Никола Карев,, од Пробиштип  се одржа Регионалниот натпревар во предметите Природни науки и и Биологија. На натпреварот учествуваа 137 ученика од 6, 7, 8 и 9 одд . На овој Регионлен натпревар според распоредот од Друштвото на биолози и Министертвото за образование се опфатени основните училишта од општините  Штип, Св.Николе, Карбинци, Лозово и Пробиштип. Од нашиот град свое учество обезбедија  26 ученици од двете основни училишта   преку одржаниот  општинскиот натпревар кој се одржа на 04.04.2015 година преку постигнатите резултати…. Според информцијата на претседателот на Регионлната комисија проф.Александар Михајловски на натпреварот кој мина во најдобра организација без ниту една примедба од делагатите и ченовите на Регионаланта комисија одговорни за реализација на Регионалниот натпревар во Пробиштип од Друштво на биолози и Министертвото за образование проф д-р Љупчо Меловски и асс.м-р Даниела Јованова од Скопје, ниту од присутните ментори од сите училишта кои организирано дојдоа на натпреварот. На смиот натпревар  нашите ученици успешно се прествија за што зборува и фактот што во категорија  ученици во 7 одд. прво место освои ученичката Евгенија Јаколевска од ООУ,,Брака Миладиновци,, а со тоа и директен пласман на Државниот натпревар. Додека повеке ученици обебедија  втора, трета награда и пофалници од кој после сумирањето на збирните резултати на ниво на цела држава се очекува уште најмалку  3-4 ученици да обезбедат свое учество на Државниот натпревар… Со ова уште еднаш Пробиштип, ООУ,,Никола Карев,, се докажаа како добри домакини и успешни организатори. Воедно се докажа дека дека преку воспитно-образованиот процес наствата во во нашите основни училишта по предметите Прородни науки за 6 одд. и Биологија за 7,8 и 9 одд.  се одвива на многу виско ниво и дека има многу квалитетни ученици кои со свои резултати и покажани знаења се достајни за врвни дострели и успеси во областите Природни науки и Биологија….Се продолжува понтаму сочекувања за поголеми резултати и успеси  на нашите ученици на Државниот натпревар како и останатите Државни натпревари како Еко-пакет кои се дел од календарот на училишни нтапревари на Министерството за образование и наука на Р. Македонија.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009