Во рамките на програмата ,,Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем,, Министертвото за образование и наука на Р. Македонија и Здружението ОХО го реализираа проектот Еко-пакет, чија цел беше учениците да се едуцираат за можноста за рециклирање на тетрапакот како суровина. Во тие рамки Министерството за образовние и Здружението ,,ОХО,, вклучи 29 основни училишта од нашата држава кои го имаат стутусот на еко-училиште со највиското еколошко признание Зелено знаме. Од нашиот град со таков статус беше вклучено ООУ,,Никола Карев,,. Во рамките натој проект на државни ниво во сите 29 училишта се организираше Државен натпревар за изработка на модел со тама,,Животот во шума,, изработен од отпадна матријали од тетрапак. Денес на 01.04.2015 година се напрви финалната селекција од 7 творби секоја изработена од тим од 5 ученици или вкупно 35 ученици од тетрапак кои ке бидат испратени на Државниот натпревар каде е предвидено и парични награди за најдобрите како и сертфикати од Министерството за образование и Здружението ОХО. Со ова ООУ,,Никола Карев,, уште еднаш ја покажа својата заложба дека заштитата на животната средина е една од основните вредности на секојднвниот воспитно-образовен процес за што зборуваат реализираните активности и постиганатите резултати.
Еко-координатор за ООУ,,Никола Карев,,-Пробиштип
Александар Михајловски

SAMSUNG DIGITAL CAMERA SAMSUNG DIGITAL CAMERA SAMSUNG DIGITAL CAMERA SAMSUNG DIGITAL CAMERA


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009