Разговор со Раде Илиевски, Раководител на Одделение за јавни Дејности при Општина Пробиштип.

avatari (6)

„Злетовските аватари“, кои оваа година ја претставуваа општина Пробиштип на карневалите во Македонија од Прилеп се вратија со освоено второ место.

– Господине Илиевски, Вие ги предводевте претставниците од општина Пробиштип на Прилепскиот карневал, какви се впечатоците од таму?

– Р.И. – Кога започнавме пред четири години со организирање на Пробиштипскиот маскенбал, токму тоа ни беше целта, да ги натераме нашите сограѓани да се забавуваат најнапред, во организирана форма да се подготвуваат за настап на маскенбалот и секако да направат оригинални маски со кои ќе претстават не само пред пробиштипската туку и пред публиката во Струмица, Прилеп и низ другите реномирани карневали. За само три години успеавме да добиеме оригинални маски со кои со гордост се претставивме на двата големи македонски карневали. Од таму се вративме секако со огромни впечатоци, се разбира позитивни, а причинта се знае….. па освоивме една од наградите. Како да се чувствуваме ако не среќно или какви впечатоци да понесеме, се разбира мошне убави.

avatari (7)

– Каков беше настапот на Аватарите и на телетабисите?

– Р.И. – Настапот им беше мошне добар, а за цело време додека се движеа во дефилето река на деца и млади прилепчани сакаа да се фотографираат со нив. Додека го гледав настапот на Аватарите бев позади жири комисијата. Тие просто беа воодушевени од тоа како изгледаат малите аватари и колку професионално е изработена нивната маска.

– Што мислите за настапот на наши сограѓани на вакви и слични манифестации?

– Р.И. – Мошне корисно е присуството на наши сограѓани на вакви и слични манифестации. Од која причина?, па едноставно заради почувствувањето на оној позитивен адреналин од сето она што се случуваше таму. Целта ни е да го почувствуваат самиот амбиент и да видат дека целиот град пулсира во знак на карневалот. Да ги видат сите маски и да им дојдат голем број на идеи на кој начин и како пооригинално да се маскираат и едноставно да уживаат во убавината на настанот, а се разбира собереното искуство да го пренесат дома.

– Дали очекувавте награда?

– Р.И. – Можеби ќе звучи нескромно, но одговорот е да, очекувавме награда. Со ваква систематична маска, со осмислена кореографија и со автентична музика не гледам причина за неуспех. Овде посебна благодарност за најзаслужната за тоа, менторот на маската, Лидија Тодорова, наставник по англиски јазик, која е најзаслужната за тоа како изгледаа аватарите, бидејќи целосно е нејзина замислата , од идеја до реализација.

– Кога ја чувте веста за освоената награда и што понатаму?

– Р.И. – Завршивме со настапот, отидовме да ручаме, а потоа сите беа слободни еден час да прошетаат низ Прилеп. Се собравме во 17 часот и тргнавме кон Пробиштип. Не поминаа ни стотина метри ми заѕвони телефонот и ми се јави господинот Марјан Матракоски, член на жири комисијата, кој ми ја соопшти веста за добиената награда. Не можете да претпоставите колку децата беа среќни, тоа со зборови не се опшишува. Веднаш застанавме и отидовме до местото каде се доделуваа наградите. Општината доби диплома за освоено второ место во категоријата на Современи маски за возрасни, а децата добија парична награда од 9.000,00 денари… беа пресреќни. А, што понатаму, па вака ќе продолжиме со исто темпо да го организираме Пробиштипскиот маскенбал и од година во година ќе добиваме на квалитет, а со тоа и достојно претставување на општината надвор од нејзините гранци.

avatari (1) avatari (2) avatari (3) avatari (4) avatari (5)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009