Општина Пробиштип и Германското друштво за интернационална соработка GIZ согласно Регионалната Програма за социјална заштита и превенција од трговија со луѓе организираа еднодневна работилница за учениците и наставниците од Руралните подрачја. Од извршените претходни мапирања констатирана е потребата од поширока едукаторска активност и пракса на градинките и училиштата во руралните средини.
Подрачното училиште во с. Ратавица беше домаќин на денешната работилница и со своето гостопримство ги прими своите врсници од подрачните училишта с.Добрево и с. Стрмош како и дечињата од детската градинка Гоце Делчев РЕ „Изворче“ од Злетово каде заеднички низ игра ги проследија содржините на работилницата.
Содржините на работилниците имаа за цел да поттикнат и развиваат вземна интеракција, комуникациски вештини, право на личен идентитет, индивидуален израз, чувство на припадност, креативност.
Целта на оваа обука беше подигање на капацитетите на наставниците и воспитувачите за работа со деца, особено во процесот на социјалниот развој на децата, обликување животни искуства на детето и развивање свеста за себе и околината.

DSCF0431 DSCF0480 DSCF0543 DSCF0553


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009