На 10 и 11 април 2014 година во Скопје се одржа дводневна работилница за проектот Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за Источниот и Североисточниот регион. На работилницата присуствуваа 12 меѓународни експерти вклучени во подготовката на проектот како и претставници од сите општини од двата региони, од комуналните претпријатија, од стручните служби на регионалните одбори за управување со отпад од двата региони како и медиуми од неколку медиумски куќи.

На работилницата беше претставен целиот регионален план за управување со отпад, кој што е веќе готов. Теми на работилницата:
– канти и возила за собирање отпад, претоварни станици, собирни места, компостирање
– технологии за механички и биолошки третман на отпадот
– технологии за термички третман на отпадот (согорување, пиролиза, гасификација)
– технологии за депонии (изградба и управување)
– барања за изградба и управување со инсталации за отпад
– состојба со постојните нестандардни депонии, категоризација и рангирање по ризик, опции и трошоци за санација и рекултивација
– податоци за анализите на отпад во двата региони
– сценарија за регионално управување со отпад, препорака на најоптимално сценарио
– преглед на извештајот за стратегиска оцена
– дискусија на учесниците


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009