„Поставување на ПВЦ подови во подрачното училиште во Злетово“, е наслов на проектот кој се реализираше во Злетово, а кој е во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција. Со средства на УСАИД во износ од 1.200.000,00 денари се промени подот во училниците и административните простории на училиштето, а со средства од Општина Пробиштип во износ од 300.000,00 денари се променија подовите во трите хола на училиштето и просторијата на техничкиот персонал. Поставен е нов под со вкупна површина од 1350 метри квадратни. Со овој проект, ова училиште добива една целина, од причина што после долги години, во ова училиште имаше низа на реконструкции. Преку УСАИД и Општина Пробиштип во училиштето беше променет кровот, а со средства од Владата на Република Македонија училиштето доби нови енергетски ефикасни прозорци и нова фасада. Старите и мошне руинирани подови сега се заменети со нови ПВЦ подови кои освен убавиот изглед, ќе придонесат кон подобрување на хигиената во училиштето, ќе бидат и побезбедни за движење на учениците. Од Општина Пробиштип велат дека нивна намера е целосно преку проекти и сопствени средства да ги изреновираат сите училишта и да им овозможат подобри услови на учениците и на наставниот кадар. Во само неколку изминати години се случија низа на реконструкции, градби или промена на парни котли, промена на кров и сл. Во сите училишта во општината.

Р.И.

pod pod3


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009