IMG_5329

Кандидатот за Градоначалник на  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија Тони Тоневски вчера пред граѓаните на Пробиштип ја претстави својата Програма со која ќе настапува на престојните локални избори.

На самиот почеток ги поздрави присутните и им се заблагодари на сограѓаните, членовите и симпазитерите на ВМРО ДПМНЕ  за силната и искрена поддршка, за довербата. Тој го претстави својот отчет за сработеното пред граѓаните на Пробиштип и истакна дека во соработка со Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип се реализирани деведесет проценти од проектите ветени во програмата од 2009 година, и тоа:

– пуштена е во употреба пречистителната станица за вода за пиење, пуштена е во употреба браната Кнежево најголемата инвестиција на Владата во источна Македонија, во завршна фаза на изградба е градскиот пазар, а во моментов се изведуваат градежните активности на  тениско игралиште кое ќе биде готово до март годинава. Во изминативе 4 години се асфалтираа локални улици во градот и во населените места во должина од над 20км. Им се врати достоинството на луѓето кои повеќе од 20 години ги подмириле своите давачки спрема општината а за возврат не добиле ништо.Се асфалтираа локални патишта од 10км, патот Леговец, Дренак, Плешенци. За сработеното во изминатиот период не се потребни зборови – имаме дела кои зборувааат и сведочат за тоа – рече Тоневски пред граѓаните на Пробиштип.

IMG_5299

Новата четиригодишна програма ветува над 300  нови проекти, ветува над 8 милиони евра инвестиции од сопствен буџет во сите области, со дополнителни инвестиции од Владата и донации, ете затоа повторно ја барам Вашата поддршка и убеден сум дека со ист интензитет  ќе продолжиме да ја градиме нашата општина и во иднина – рече Тони Тонески на вчерашната промоција во Пробиштип.

Тој на своите сограѓани со голема чест и задоволство се претстави со дел од проектите кои се од стратешко значење за општината.

-реконструкција на постоечкиот плоштад и изградба на нов, секундарен плоштад; реконструкција на постоечкиот градски парк, негово проширување и изградба на фонтани, нови зелени површини, спортски комплекси, изградба на најмодерен градски парк во цела РМ како што доликува на Пробиштип; реконструкција на ул.Јаким Стојковски преку поставување на нов асфалтен слој, поставување на тротоари и енергетски ефикасни светилки; булеварско уредување на влезот на Пробиштип(од страна на Штип) со поставување на нов слој на асфалт, уредување со дрвореди,осветлување и сообраќајно обележување;целосна реконструкција на патниот правец Пробиштип- Крупиште, изградба на на пат с. Добрево – Близанци, изградба на водоводи во сите населени места, изградба на регионален пат Пробиштип- Св.Николе и други  покрупни инвестиции.

На крајот од презентацијата Тоневски истакна: Оваа програма неможе да ја реализира еден или неколку луѓе… Оваа програма е наша заедничка програма која заедно ќе ја оствариме, заеднички ќе продолжиме да ја реализираме,   и остваруваме.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009