Општина Пробиштип е во фаза на изработка на Буџетот за 2016 година. Поради тоа општината ги известува сите спортски друштва на територијата на општина Пробиштип, најдоцна до 21.10.2015 година во Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 09 – 16 часот, да достават Програма за 2016 година во која ќе ги наведат сите активности кои ќе ги има спортското друштво, заедно со финансиска конструкција заради планирање дел на средства за спортските друштва во Буџетот на Програмата за спорт на Општина Пробиштип.

Лице за контакт: Радослав Илиевски 032/ 483 131, локал 107


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009