На 20 септември 2013 година во салата на општинската зграда се одржа работилницата на работната група за изработка на проектните концепти од Проектот за управување со речниот слив на Брегалница.

На оваа работилница Модераторот Жаклина Цветковска одржа кратка обука на работната група која доброволно се пријави на првата форумска сесија за изработка на проектни концепти, за тоа што треба да содржат проектните концепти и начинот на нивна изработка. Работната група ги разгледа, направи појасно дефинирање на истите и детално разработи поголем дел од проблемите кои беа изложени на првата форумска сесија, а кои се однесуваат на темата мали инфраструктурни водени проекти во насока на заштитата и подобрување на управувањето со речниот слив на Брегалница. Работната група заеднички одлучи да се разработат неколку проблеми, така што секој член од работната група доби задача да изработи по еден Проектен концепт и Power Point презентација за истиот.

На втората форумска сесија ќе се презентираат изработените проектни концепти, а потоа граѓаните кои ќе имаат две учества на форумските сесии ќе имаат право да гласаат за еден проект. За проектот кој ќе има најмногу гласови од граѓаните ќе се изработи техничка документација и ќе се аплицира за добивање на грант од Швајцарскиот Државен Секретаријат за економски работи (SECO) во износ од CHF 50’000 и 16,7% локално учество во пари.

DSCN0076


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009