Здравствениот дом „Нада Михајлова“ во соработка со Општина Пробиштип, продолжува со реализација на проектот на Министерството за здравство, „Рурален доктор“. За таа цел беше одражана средба на претставници од Здравствениот дом и општина Пробиштип со Претседателите на Месните заедници, на кој тие беа известени дека проектот продолжува со понатамошна реализација како и беа информирани за претстојните термини на кој ќе се одржуваат лекарските прегледи.
Бесплатните лекарски прегледи и понатаму ќе ги врши екипа од Здравствениот дом „Нада Михајлова“, лекар и медицинска сестра и тоа мерење на крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта и други лекарски совети.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009