Екипата на Пробиштип продолжува со одличните игри врзувајќи ја четвртата победа во серија против екипата на Сушево со резултат 3:0 (25:22,25:16,25:11). Гостинската екипа само во првиот сет успеа да пружи мал отпор кој при крајот на сетот беше срушен додека во наредните два сета комплетна доминација на домашните со што тренерот Јосифов повторно имаше простор и шанса да им даде на помладите играчи од клупата кој ни овој пат не го изневерија.Со оваа победа екипата на Пробиштип се зацврстува на четвртата позиција со 16 бодови по Вардар, Шкендија и Струмица а додека пак екипата на Сушево останува на делба на пета,шеста и седма позиција со Штипски Мавис и Синалко од Крушево од со 9 бодови.
Пробиштип ги продолжува настапите од првата лига веќе наредниот викенд каде ќе имаат тешко гостување во Тетово против екипата на Шкендија.

Резултати од првата државна лига 10 коло:

Пробиштип-Сушево 3:0 25:22,25:16,25:11
Струмица-Синалко 3:0 25:14,25:14,25:14
Мавис- Лирија 3:0 25:13,25:16,25:11
Вардар-Шкендија 3:1 25:20,21:25,25:19,25:21

1. Струмица 10 10 0 30
2. Шкендија 10 7 3 21
3. Вардар 10 8 2 21
4. Пробиштип 10 5 5 16
5. Синалко 9 3 6 9
6. Сушево 10 3 7 9
7. Мавис 9 3 6 9
8. Лирија 10 0 10 1


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009