Центарот за социјална работа и Општина Пробиштип, како партнер поддржувач на акцијата „Се грижиме за топол дом“ – Проект на Министерството за труд и социјална политика, продолжуваат со реализација на акцијата се со цел да се задоволат потребите и барањата на жителите во Општина Пробиштип. Денес беа донирани предмети на лица во социјален ризик кои претходно поднеле барање за истите.
Со Акцијата “СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ” се намалува социјалниот ризик од социјално исклучување на граѓаните на државата во задоволување на основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго.
Оваа акција продолжува континуирано да се спроведува и понатаму, сите граѓани коишто имаат вишок на ствари кои би сакале да донираат на лицата на кои им се неопходни, можат да пријават во Центарот за социјална работа и Општинскиот центар за социјални услуги во зградата на Локалната самоуправа.

10677123_10152858508542384_802019022_o


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009