DSC_0257

До сега населението од Пробиштип  со вода  се снабдуваше од пумпната  станица во близина на селото Ратавица. Со изградбата на филтер станицата почна да се врши дотур на вода за водоснабдување на населението од новиот водозафат од горниот тек на Злетовска река со кој стопанисува ЈП ХС Злетовица.

Општина Пробиштип засега е втора општина по Свети Николе која почна да ја користи водата што ја испорачуваат од ЈП ХС Злетовица. Конечно преземање и почетокот на стопанисување на ЈКП “Никола Карев”, со станицата за прочистување на водата започна од месец февруари.

По добиените резултати од Јавната Здравствена Установа “Јавно здравје” од Скопје, првите количини на вода од филтер станицата  за граѓаните од Пробиштип  ќе  бидат за  паметење  како официјални  датуми на кој ќе почне да се испорачува водата од овој новоизгреден и најмодерен комунален објект не само во Пробиштип туку и пошироко на овие простори на Република Македонија.

Стариот систем на водоснабдување ќе биде само минато што  одземаше пред се големи парични средства и претставуваше голем сериозен проблем во делот на целокупното работење на дејностите во ЈКП. Сега првите калкулации покажуваат дека со новата филтер станица ќе има и намалување на трошоците. Со оглед на фактот дека станува збор за филтер станица во која е вградена најсовремена опрема за прочистување на водата по пат на ултра филтрација во самиот процес  веќе се ангажирани машински и електро инжинерски кадар, како и среден технички кадар, стручниот тим на словенечката фирма Искра системи која работеше на изградбата и вградувањето на опремата за ултра филтрација на водата во станицата за прочистување на водата во Пробиштип. За одбележување е што беше вклучен и во самото вградување на опремата во објектот, така што изминатиот период и за нив преставуваше период на запознавање  и вклучување во самиот процес на работа со монтираната опрема.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009