Општина Пробиштип локацијата Леговец ја одреди за изградба на типска населба, која е дел од владиниот проект „Купи куќа за млади“.

Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски денеска информираше дека станува збор за локација во која првично било планирано да се понудат 150 парцели, но согласно анализите на урбанистите сега е предвидено да се изградат 300 типски куќи.

– На граѓаните им е јасно за која локација станува збор, но да појасниме дека тоа е локација меѓу Пробиштип и Злетово. Покрај тоа што се планирани да се понудат 300 плацеви за изградба на типски куќи, согласно планот се предвидува да има и други содржини, како што се паркови, детски игралишта и мини трговски центри, појасни Тоневски.

Тој додаде дека овој проект е одлична можност за младите од Пробиштип, кои го немаат решено своето станбено прашање.

Парцелите за изградба на типски куќи ќе се продаваат за едно евро за метар квадратен, а новата населба ќе бидат целосно инфраструктурно уредена, со улици, водовод и канализација до домовите.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009