Пробиштип 8-ми Септември секоја година го прославува со двоен јубилеј – Ден на ослободувањето на Пробиштип и Ден на независноста на Република Македонија.
По тој повод делегација од општина Пробиштип предводена од Градоначалникот, Тони Тоневски, претставници од Советот на општина Пробиштип, претставници од Резервните офицери, како и претставници од поголемите политички партии во нашата општина денес ќе положат свежо цвеќе на спомен бистата на Јаким Стојковски во центарот на градот.
Нека ни е честит денешниот ден, нека е вечна Македонија!