Среќно беше 10-тото коло или првото пролетно коло во рамките од Младинската лига на Македонија во кошарка за екипата на Пробаскет од Пробиштип. На гостувањето во Скопје, Пробаскет ја победи екипата на Карпош – Соколи со резултат 66:59.

Ова беше четврта победа на екипата на Пробаскет, со што се искачи на четвртото место на табелата на Младинската лига за играчи до 16 години. Пробаскет настапува во Б групата на М-16 лигата, во конкуренција со девет екипи и тоа: Вардар, Водно Санс, Работнички, Баскет Ком Рудник Саса, Карпош Соколи, Михајловски, Пантери Куманово и Крива Паланка.

За сега на чело на табелата е Вардар со 16 бодови, втора е екипата на Водно санс со 15, трета е екипата на Работнички со 14 и на четврто место е Пробаскет со 13 освоени бодови.

Во следното 11 коло екипата на Пробаскет во Пробиштип ќе биде домаќин на екипата Баскет Кам Рудник Пробиштип.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009